Пејачката Емина Јаховиќ вчера ја разбуди љубопитноста кај многумина откако објави фотографија со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, а сред се погласните шпекулации дека на љубовта и дале уште една шанса.
Како тоа да не беше доволно, Емина објави видео на Инстаграм стори на кое таа и Мустафа одлично се забавуваат и играат на музика во еден локал.
По ваквите објави на Емина, преку социјалните мрежи се огласи и Мустафа кој објави фотографија на која таа гледа во телефонот не обрнувајќи внимание на него.
Двајцата се уште ги немаат потврдено, а ниту демантирано наводи дека се смириле.
За потсетување Емина неодамна ја заврши турбулентната врска со турскиот бизнисмен Садетин, додека Мустафа пред неколку месеци беше фотографиран со мистериозна русокоса.