На денешен ден пред една година на 3 март 2019 година почина познатата водителка Дивна Карлеуша, а днеска по тој повод на гробиштата каде е погребана пејачка одржа помен во чест на нејзината мајка.
Во врнежливото попладне членовите на нејзиното семејство и пријателите се собраа на гробот на Дивна каде положија цвеќе и венци во чест на прерано починатата водителка.
Карлеуша на гробот беше заедно со двете ќерки Ника и Атина,а пред неа беа дојдени нејзината тетка Даниела и таткото на пејачката Драган Карлеуша.
Јелена била од глава до пети во црно, а на главата имаше и црн качкет.
Гробот на Дивна беше преплавен со црвени и бели ружи во вид на срце, а во едно од нив беше испишана и нејзината буква „Д“.
Инаку претходно Карлеуша сподели фотографија на Инстаграм под која напиша „мојот ангел 3.3“.