По повод вториот роденден на неговиот син Арчи, британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл одлучија да апелираат за донатори за финансиска поддршка на акцијата, така што вакцините против коронавирусот ќе бидат достапни и за сиромашните земји.
– Додека чувствуваме дека се враќа во нормала, знаеме дека во голем дел од светот, особено во земјите во развој, кампањите за вакцинација сè уште не се започнати, рече парот, кој се повлече од британското кралско семејство и сега живее во федералната американска држава Калифорнија.
Парот ги повика луѓето да донираат што повеќе за семејствата во најранливите земји во светот за да можат да се вакцинираат против коронавирусот.
– Сè додека сите, насекаде, немаат еднаков пристап до вакцината, светот нема да се опорави од пандемијата, рекоа тие.
Собраните средства ќе бидат донирани на Алијансата за вакцини (ГАВИ), партнерство на јавни и приватни тела што ја координира дистрибуцијата на вакцините до сиромашните земји.