Веста за ненадејната смрт на текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ ја потресе регионалната јавност.
На Инстаграм и поп-ѕвездата Јелена Карлеуша се прости од Лаќа, која ја објави последната порака од Лаќа кој ја испратил од Израел, каде е пронајден мртов.
– Предлагам средба кога ќе се вратам од Израел, јас и ти, без околни елементи. Исто така, се извинувам за секој збор што ве навредив, како сопруга и мајка – пишува во пораката што синот на покојната Марина Туцаковиќ и ја испратил на Карлеуша.
Јелена со емотивни зборови истакна дека сè му простила на Радуловиќ и дека сите ќе ги слушнат последните песни што ги напишал.
– Почивај во мир, драг Лаќо, далеку од „крвави солзи“ (името на последната песна што ми ја напиша), од несреќа, тага и болка – почна Карлеуша, па продолжи:
– Разбрав се и простив се… И ќе ја задржам оваа твоја последна порака, како и последните пораки на Марина. Не грижи се, сите ќе ги слушнат последните песни што си ги напишал и сите ќе разберат дека си бил неверојатно талентиран син на мајка ти… Талентиран, но роден за друг свет, друга димензија. Последно збогум.
Да потсетиме, денеска ненадејно почина текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ.
Лаќа почина во Израел, а неговото безживотно тело беше пронајдено на улица.
Милан Лаќа Радуловиќ, покрај успешното справување со римите и зборовите при пишувањето текстови, Лаќа, како и неговиот татко, бил талентиран и во продукцијата и аранжманите на песни, а уште од мали нозе и помагал на мајка си со големите хитови како „Автограм“ на Цеца и на Чола „Ајде иди“ и „Сто пати“.
Инаку само пред месец дена, двајцата водеа тешка војна навредувајќи се со тешки зборови.
Повеќе на таа тема прочитајте ТУКА.