Милош од Белград сакал да ја запроси својата сакана Кристина на уникатен и незаборавен начин и дефинитивно успеал во тоа.
За неа поставил десетици црвени балони во форма на срце, запалил свеќички и направил неверојатна атмосфера во неговиот дом, каде ја поканил својата сосетка од зграда Марија Шерифовиќ да ја изненади Кристина со песна, во мигот кога ќе ја праша дали сака да го помине животот со неа.
Српската пејачка за оваа пригода дошла со својот гитарист, а целата ситуација ја снимила за својот Јутуб канал.
Таа им ја пеела нејзината романтична песна „Jedanaest“, додека тој ја запросува, а потоа танцуваат.
Погледнете го спектакуларното запросување (чинот е од 8-мата минута):