среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јелена правела се` за да оздрави Дивна: Пејачката сега живее во страв поради ова

Јелена правела се` за да оздрави Дивна: Пејачката сега живее во страв поради ова

Дивна Карлеуша, почина на 3 март после долга борба со ракот на белите дробови. Српската пејачка Јелена тешко го поднесе губиток на мајка и, за која правела се` да оздрави и не штедела ни време ни пари да и помогне.

-На Дивна и беше многу тешко. Таа боелдуваше од рак на белите дробови, а силните терапии на кои ја водеше Јелена и го продолжија жвотот, но не и неговиот квалитет. Се мачеше многу, болеста полека ја убиваше, а последните месеци и беше навистина тешко, рекол извор близок до семејството Карлеуша.

Јелена ја водела мајка и во сите водечки клиники.

-На крајот се одлучи за една клиника во Турција, каде заедно со неа одеше на зрачење, хемотерапии, но и на редовни месечни контроли. Што и да чуеше дека може да и` помогне, го купуваше, не прашувајќи за цена, рекол изворот.

Иако дала 100 проценти од себе и била со мајка и до последниот ден, Јелена не може да се помири дека нејзината најголема поддршка ја нема.

-Постојано се преиспитува дали можела уште нешто да направи и повторува дека не може да го преживее нејзиното заминување. Сега со неа е Душко, но тој ќе мора да се врати во Кина, па Јелена се плаши што ќе биде кога тој ќе замине во Кина. Таа сака да оди со него, но тука се девојчињата кои одат во училиште. Се уште не знае што ќе прави, завршил изворот.

Најнови вести