Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал се ожени со својата 19 години помладата избраничка Мелис Сутшуруп, а фановите веќе на големо ги споредуваат двете негови сопруги.
Мустафа и Мелис судбоносното „ДА“ го изговорија во турската амбасада во Рим, по што пејачот со две децении помладата сопруга објавија фотографии од венчавката.
Иако Мелиса се потрудила за најубавиот нејзин ден да изгледа поуникатно и совршено, на социјалните мрежи таа наиде на остра критика и бурна реакција од многумина.
Имено многумина таа ја споредија со Емина кога пејачката се венчаше со Мустафа поради тоа што носеле исти детаљ на главата.
View this post on Instagram
Двете носеле бела мрежа на главата која е замена за вел, а очигледно сегашната сопруга на пејачот ја ископирала Емина која се венчаше со пејачот пред повеќе од 10 години.