Пејачката Јелена Карлеуша вчера го прослави својот роденден во својата луксузна вила на Дедиње, каде го собра семејството и најблиските пријатели и соработници.
Пејачката овие денови има и зошто да слави, а освен роденденот, таа по 11 години го промовираше албумот „Алфа“, а го најави и следниот албум „Омега“.
Целиот амбиент покрај базенот бил во „Алфа“ стилот, а Јелена имала дури две тори на кои имаше свеќички и замислуваше желби.
Една од тортата беше во облик на планетата земја каде на врвот се наоѓа ликот на Јелена, додека другата беше на три ката и исто така на врвот од неа го имаше нејзиниот лик.
Сепак, најголемото внимание го предизвика и самата таа која имаше долг златен фустан.