Пејачката Јелена Карлеуша отпатува за Турција, а на својот Инстаграм профил се пофали со кадри од луксузниот хотел во кој е сместена.
Јелена прво се пофали од тоа што го добила од вработените во хотелот кој има пет ѕвезди, а потоа медиумите веднаш истражија колку чини една ноќ таму.
Имено ноќ во истиот хотел е вистинско богатство и чини 700 евра.
Пејачката го снимаше холот на хотелот, a во истиот се гледаат луксузни детали кои чинат цело богатство.
Таа се пофали и дека од вработените добила кутија со уникатни слатки изработени по турски рецепт.