сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша ги свитка полиците обидувајќи се да ја намали половината: Фотошоп блам на годината (ФОТО)

Карлеуша ги свитка полиците обидувајќи се да ја намали половината: Фотошоп блам на годината (ФОТО)

Поп-пејачката Јелена Карлеуша стана предмет на потсмев на социјалните мрежи поради, како што тврдат корисниците на Твитер, фотошоп грешки.

Карлеуша објави предизвикувачки фотографии во секси ленти, но заборавила да внимава на еден детаљ – полиците во позадина.

Како што забележа една корисничка на Твитер, обидувајќи се да ја намали половината во Фотошоп ги искриви рабовите на полиците, кои сега се виткаат во близина на нејзиното тело.

Инаку, тие стојат во права линија и не се виткаат – како што може да се види на другите делови од фотографиите.

Амм, кој ќе и каже?, напиша еден корисник на Твитер споделувајќи ги фотографиите.

На втората фотографија, со иста позадина, полиците не се искривени во тој дел.

Најнови вести