среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша им се обрати на колешките на кои им лепат пари на гради

Карлеуша им се обрати на колешките на кои им лепат пари на гради

Пејачката Јелена Карлеуша, која неодамна се врати на Твитер по долга пауза, искористи неколку објави на оваа мрежа за да им „одржи лекција“ на своите колеги. Јелена ги спомена пејачките Маја Беровиќ, Александра Пријовиќ и моментално најбараната изведувачка Теа Таировиќ.

„Секој може да има пет минути слава денес. Некој може и 2-3 години. Но, за да бидеш во игра со децении, треба да бидеш идеологија што ја следат фановите, со која се поистоветуваат. Денешните уметници немаат обожаватели, само слушатели. Зошто? Затоа што ги имаат песните, но не и харизматичната личност која ја дели публиката на тврдокорни обожаватели и жестоки мразители. Дали некој од вас сака да ја истетовира сликата или текстот на песната на Maja, Теа или Прија, а за поплавата на некои „аутотјун“ деца и да не зборуваме“, напиша Јелена и продолжи:

„Дали некој навистина ги мрази? По кој став и идеологија се познати? Ова во никој случај не е навреда, туку бесплатна лекција во шоу-бизнисот. За ова сум зборувала многу пати во Звездите на Гранд, каде единствената цел на пејачите била лов на тезги. На некој што ќе им плукнат и залепат пари на чело или гради не може да биде ѕвезда. Кој пее на свадби покрај маса не може да биде ѕвезда. Само добар пејач кој работи. И јас го почитувам тоа. Но, тогаш мора да се направи разлика во категоризацијата, не може сите да се стават во ист кош, нели? Ѕвездите не можат да се допрат една со друга. Парите немаат вредност во врвниот шоу-бизнис затоа што траењето, обожавателите и култот на личноста се она што не може да се купи“.

Најнови вести