Пејачката Јелена Карлеуша позираше целосно гола и привлече внимание на Инстаграм.
Карлеуша се сликала вo огледало каде со косата ги покрила голите гради, а на себе имала само патики, но не и какви било. Имено, станува збор за модел на патики создаден за Адидас од раперот Кајне Вест, поранешниот сопруг Ким Кардашијан.
Сето ова можеби немаше да биде толку чудно доколку Кајне не ја заследеше Карлеуша на Инстаграм токму вчера, а таа за возврат го „заследи“.
Инаку, се работи за модел на патики YEEZY Boost 450, во боја „Colude white“, чија цена е околу 261 евро или 15,958 дeнари.