Српската пејачка, Јелена Карлеуша веќе неколку години е вегетаријанец, при што често објавува на социјалните мрежи, алудирајќи на тоа луѓето да престанат да убиваат и јадат животни.
Истото го направи и овој пат, преку социјалнат мрежа на Инстаграм.
-2021 е, а на луѓето и понатаму треба да му се објаснува дека да јадеш леш од беспомошно животно не е здраво. Меѓудругото е бизарно, одвратно, непотребно и сурово, коментира Карлеуша.
-За секој месојадец кој тврди дека му се потребни протеини во исхраната, 100 грама грав има повеќе протеини, калциум и магнезиум од 100 грама бифтек. Бифтекот е измислен збор за парче леш од теле… да убаво звучи. И да, за разлика од месото/лешот, гравот има нула холестерол. И да, гравот е поевтин од бифтекот, продолжи таа.
-Најгрдо ми е кога луѓето велат: „Животните постојат за ние да ги јадеме. Ние затоа ги одгледуваме“. Ако веќе го оправдувате убивањето и тоа што немате милост, барем измислете друг изговор. Дури и тоа „Не ми е жал бидејќи е вкусно“, звучи малку пологично. Пологично е да си немилосреден, безчувствителен без мозок, напишала Карлеуша.