Пејачката Јелена Карлеуша внимателно одбира каде ќе настапува ова лето, а повеќето од настапите гледа да и бидат организирани со приватен авион.
Па така и овој пат таа се качи во авион и одлета за Црна Гора, па за Босна и Херцеговина каде и беа закажани настапите за изминатиот викенд.
Позирајќи во авионот и пред него, фановите забележаа како таа навистина изгледа без шминка на себе.
Таа на себе носела црн долг фустан со длабоко деколте, а кадрите од авионот покажуваат како навистина изгледа пејачката без грам шминка на себе, што наиде на позитивни коментари.