Пејачката Јелена Карлеуша позната е по своите фамозни комбинации на облека, а нејзиниот Инстаграм профил често е инспирација и на многу девојки за разни комбинации.
Овој пат пејачката ги воодушеви следбениците со својот најнов стајлинг со модни детали од брендот „Версаче“.
Имено ЈК облече бела сукна со длабок шлиц, додека горе носеше црн топ, сепак најголемото внимание го привлекоа нејзините златни „бебе“ сандали и чанта.
Карлеуша се прошета во својот двор со овие модни детали, а нивната цена е навистина солена.
View this post on Instagram
Сандалите направени од кожа од медуза на официјалниот сајт на овој бренд чинат неверојатни 1.159 евра, додека чантата чини 1.210 евра.
Пејачката за овие две модни парчиња одвоила мало богатство, бидејќи платила вкупно 2.369 евра.
View this post on Instagram