сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша повикана на СОСЛУШУВАЊЕ: По нејзината пријава за насилството на Душко конечно ќе се дознае се

Карлеуша повикана на СОСЛУШУВАЊЕ: По нејзината пријава за насилството на Душко конечно ќе се дознае се

Вистината ќе излезе на виделина…

Пејачката Јелена Карлеуша, како што пренесуваат српските медиуми, утре треба да биде на распит во Првото основно јавно обвинителство кое и испратило покана да дојде и да се изјасни за пријавата што ја поднела против сопругот.

Извор за српските медиуми открива дека пејачката треба да сведочи како жртва за тоа што се случило во нејзиниот семеен дом на Божиќ, 7-ми јануари годинава, кога сопругата на Душко Тошиќ пријавила семејно насилство.

Да се потсетиме, поранешниот фудбалер истиот ден бил сослушан во полиција. Како што напишаа српските медиуми, тој тогаш наводно изјавил дека е точно дека дошло до расправија меѓу него и неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша за време на ручекот, но изјавил дека не се точни нејзините наводи дека бил насилен кон неа.

Тошиќ на инспекторите во полициската станица Савски Венац, каде што дал изјава како граѓанин, им рекол дека е шокиран бидејќи Јелена пријавила такво нешто во полиција.

-Не ја удрив Јелена, не ја ни допрев, единствено е вистина дека се расправавме. Во брак сме долго време, јас сум посветен сопруг и татко. Најтешко ми е што наместо денес да бидам со децата и да го поминам празникот дома, поради пријавата на сопругата сум во ситуација да седам во полициска станица. Шокиран сум од тоа што ми се случува, не можам да сфатам што ме снајде – наводно рекол Душко Тошиќ, кому потоа полицијата му изрекла забрана за пистап на сопругата, но таа во меѓувреме престанала.

Најнови вести