среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша веќе има нов додворувач?! Еве за кого се работи!

Карлеуша веќе има нов додворувач?!  Еве за кого се работи!

Јелена Карлеуша последниве неколку дена ги поминува со ќерките Ника и Атина во Турција. Регионалната поп ѕвезда „избега“ од центарот на вниманието набрзо по објавата за разводот со српскиот фудбалер Душко Тошиќ.

Да потсетиме, Јелена во изјава за јавноста истакна дека повеќе нема да ја коментира темата за разводот во јавноста.

Откако е во Турција, таа веќе објави неколку атрактивни фотографии. Една од фотографиите која предизвика најголема прашина е онаа на која позира во градник со леопард принт, кој едвај ги покрива нејзините бујни гради.

Пред само неколку дена изјави дека всушност нема фиксен годишен одмор, туку оди на одмор кога ќе почувствува потреба.

„Во текот на годината одиме на разни дестинации и нема период што би можела да го издвојам за одмор. Работам кога сакам, одморам кога сакам. Моментално сум во последната фаза од работата на албумот и се борам заедно со продуцентот и тимот конечно да ја види светлината на денот. Летово сигурно ќе скокнеме до Турција и Италија“, рече таа.

Каде и да се појави, мами воздишки, па ниту менаџерот на вилата во која престојува со ќерките не можел да и одолее. Таа на своето инстаграм-стори објави заедничка фотографија со менаџерот.

„Тој вели дека сум ангел, дека сум посебна, дека имам добро срце и сите други лаги што мора да им ги кажува на богатите Русинки. Цел ден ни носи нешто за јадење. Јадам толку многу по цел ден што не можам ни да пливам, само лебдам“, напиша Карлеуша во описот на фотографијата.

Кратко потоа, таа објави нова приказна во која се спореди со Тесла.

„Јас сум суперхибрид, викајте ме ЈК Тесла, туѓата омраза ја претворам во ракетно гориво! Иноватор. Трансформатор. Трансформер. Енергетски мотор достоен за НАСА. Електричниот е застарен. Треба да бидам патентирана, заштитена и извезена како генијален српски производ “, напиша таа.

Најнови вести