Српската пејачка Јелена Карлеуша направи ноќ за паметење во една дискотека на сплавот во Белград, а на нејзиниот настап била и ќерката на музичката легенда Здравко Чолиќ.
Уна Чолиќ е вистинска убавица и за неа медиумите честопати пишуваат, а овој пат истото го докажа на својот Инстаграм профил каде сподели фотографии од ноќната забава на сплавот.
Наследничката на легендарниот пејач изгледала како вистинска тинејџерка со средена коса, шминка и пристојна облека на себе, пишуваат српските медиуми.
Таа покрај видеата од настапот на Карлеуша сподели и фотографии од себе, погледнете.