Наследничката на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ е вистинска тинејџерка. Се повеќе време поминува со пријателите, па дури и оди на шопинг со нив каде купува облека, козметика и шминки за себе.
Овој пат таа беше уловена во еден трговски центар во Белград заедно со другарките каде разгледувала облека, а во еден момент било забележано и како била облечена и што носела на себе.
Многумина од луѓето веднаш забележале дека тоа е ќерката на пејачката, но поради нејзината скромност се подразмислуваа дали навистина е таа.
Сепак, еден детаљ на неа ја издаде дека сепак го наследила луксузот од својата мајка и дека обожува брендирани работи.
Таа на себе имала скапоцена чанта од марката „Луј Витон“ која чини околу 2.000 евра.