недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Малкумина ја паметат венчаната кума на Цеца: Беше млада ТВ водителка која заедно со своето момче беше у*иена среде Белград (ФОТО)

Малкумина ја паметат венчаната кума на Цеца: Беше млада ТВ водителка која заедно со своето момче беше у*иена среде Белград (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан го кажаа судбоносното „да“ пред пријателите и семејството на 19 февруари 1995 година. Кума на пејачката на венчавката беше младата новинарка во подем, Маја Павиќ. Само две години подоцна, во февруари 1997 година, Маја беше убиена од заседа со нејзиното момче Раде Чалдовиќ Ќента на улицата Француска.

Маја како средношколка станала фотомодел поради убавината, висината и стасот, а потоа ја завршила двегодишното школување за новинар-презентер, бидејќи новинарството и било животен сон. Во 1991 година, таа започнала да работи на телевизија и да води емисии во живо. Таа се запознала со Цеца во 1993 година, кога била ангажирана од луѓето блиски на Аркан за да ги води промотивните собири и забави.

„Беше тмурен ноемвриски ден. Цеца ја запознав во гардеробата на спортската сала во Панчево. На прв поглед не и бев особено пријатна, а ни таа мене не ми се допаѓаше. Зошто? Па, тоа беше баш така. Тоа траеше три дена, се додека четвртиот не влеговме заедно во еден џип и оттогаш сме неразделни.Често спиевме една кај друга, јадевме заедно, се дружевме… Подоцна одев на сите нејзини концерти, а таа ми доаѓаше на снимање на моите емисии“, изјави тогаш кумата на Цеца.

„Кумството не се одбива, па затоа се разбира, се согласив“- рекла тогаш Маја и додала дека морала да ја издржи неколкунеделната гужва околу свадбата. Се чувствувала како таа да се мажи.

Маја Павиќ потоа открила како го запознала својот кум Аркан, кој бил предизвик за сите новинари, но и своет момче Раде Ќалдовиќ. Пријателот на Жељко од детството. Се запознале во една дискотека на 26 април 1994 година.

И нивната љубов траеше до 15 февруари 1997 година. Имено, убијците во раните утрински часови од хеклер со придушувач го убиле Раде Ќалдовиќ Ќента, едно од последните познати имиња на белградското и европското подземје, но и Маја Павиќ, која случајно се нашла таму, на улицата Француска среде Белград. Маја тогаш имала 25 години.

Ќента важеше за член на старата гарда на жестоки момчиња кои долго време владееја со асфалтот во Србија и Европа. Сепак, последните години се чинело дека се повлекол и сака помирен живот. Се’ почесто можел да се види како опуштено седи со Маја во градот, а заедно почнале и да градат куќа. Некои велат дека премногу се опуштил и тој момент го чинело глава. Него, но за жал ниту виновна, ниту должна и неговата девојка, обајцата венчани кумови на Цеца и Аркан.

Најнови вести