вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марија поминува низ тежок период: Морала да го однесе татко ѝ во дом, еве како го поднесе тоа

Марија поминува низ тежок период: Морала да го однесе татко ѝ во дом, еве како го поднесе тоа

Марија Шерифовиќ поминува низ тежок период. Лекарите го ампутирале прстот на нејзиниот татко, а потоа таа го сместила во дом, што психички и било многу тешко.

-Па, Марија колку што е блиска со мајка си Верица, толку многу го сака својот татко. Таа секогаш му помагаше за се. Дефинитивно најдобро ќе му биде во тој дом за стари лица. Мара проверила се, условите се добри, храната, медицинската нега, се е како што треба, но сепак е дом. Таа само што не заплака кога дојде овде. Рајко е одличен човек, но сака да пие, а потоа веќе не е истиот човек, вели изворот и додава дека на Марија сето тоа и било тешко.

-Марија не сака да и се гледаат емоциите, тоа го покажува само на најблиските. Дури и паднала во депресија. Се надевала дека ќе може да му помогне на својот татко, но прво тој самиот да посака, а очигледно не бил подготвен за тоа. Не секогаш се сложувала добро со нејзиниот татко, но и е жал. Не може повеќе да живее сам болен. И на Верица ѝ е жал, иако не поминаа баш најдобро, а потоа завршија на суд. Сè беше таму, но со текот на годините, многу се заборави, особено кога човек старее и се разболува. Таа не може да биде рамнодушна додека го гледа нејзиниот поранешен сопруг со кој има дете како страда, но заедно не можеле. Тој го избра својот пат и тоа е цената што сега ја плаќа, вели изворот за српски „Свет“.

Најнови вести