четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марија Шерифовиќ: „Би влегла во реално шоу, но имам еден услов“

Марија Шерифовиќ: „Би влегла во реално шоу, но имам еден услов“

Марија Шерифовиќ е една од најпознатите пејачки во регионот и дел од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Денес, освен музичките шоуа, популарни се и реалити програмите како што се „Задруга“, „Парови“….

Шерифовиќ изненади со изјавата дека би влегла во реално шоу, но има еден услов.

„Мој единствен услов е пред камери со мене да бидат ВИП личности. Тоа може да биде Ана Бекута, Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓуришиќ, Босанац или Ѓорѓе Давид.

Марија призна дека веќе е изморена од „Ѕвездите на Гранд“.

„Пред три години ми беа интересни, но сега не знам како уште сум тука. Најверојатно затоа што односите со луѓето со кои работам ми се фантастични, од Саша Поповиќ , па натаму. Поради тоа се уште наоѓаме начин да и понатаму седам во таа столица иако секоја година викам: „Уште оваа година“. Мислам дека после ова сезона ќе направам пауза, малку да има време за себе. Но, може да се случи кога ќе дојдат преговорите да го променам мислењето. Се изморив, овој прокт ми одзема многу време. Уште имам сили да ја освојам круната по третпат“ изјави Марија за „Хит информер“.

Инаку, во последните две сезони на „Ѕвездите на Гранд“ победија кандидати чии ментор беше Марија Шерифовиќ.

Најнови вести