вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мик Џегер позитивен на Ковид-19, одложена турнејата

Мик Џегер позитивен на Ковид-19, одложена турнејата

Пејачот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер вчера објави дека е заразен со коронавирусот, со што се откажува нивниот настап во Амстердам, Холандија.

„Многу ми е жал што мораме да го одложиме шоуто во Амстердам со толку кратко известување вечерва. За жал, штотуку испаднав позитивен на Ковид. Нашата цел е да го презакажеме датумот што побрзо и да се вратиме што поскоро“, напиша 78-годишниот пејач на Твитер.

Легендарниот британски бенд ја отвори својата европска турнеја со настап во Мадрид на 1 јуни, по повод одбележувањето 60 години од основањето на групата.

Најнови вести