Марија Шерифовиќ се прости од својот пријател и соработник, текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, кој ненадејно почина на 36-годишна возраст во Израел.
Пејачката се огласи на Инстаграм, ја објави црно-белата фотографија на Лаќа, нивната преписка, а потоа вети и нему и на себе една многу голема работа.
„Лаќо, ти беше посебно растение. Патувај пријателе. И знај дека сигурно некогаш некаде ќе се видиме. Ти го ветив тој дигитален блог и ќе биде. Некаде некаде“, напиша Шерифовиќка, а потоа ја објави нивната последна преписка.
„Честитки генијалецу“, му испратила порака Марија.
Марија напишала и дека ќе исполни се што претходно му ветила.
„И дека ќе го завршам албумот и дека нема да бидам мрзлива и дека неговите песни ќе се слушаат“.