Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал се ожени минатата недела со својата избраничка Мелис Сутшуруп, па сега отидоа на меден месец и тоа во Бодрум каде во моментов летува неговата поранешна сопруга со помладиот син.
Откако се разведе од пејачката, турскиот пејач се впушти во врска со сегашната сопруга која минатата година ја запроси. Емина наназад низ годините не сакаше да зборува многу за разводот иако во неколку наврати призна дека и е многу тешко.
View this post on Instagram
Во овој момент таа е на одмор во Бодрум заедно со помладиот син, а на истото летувалиште на меден месец се и нејзиниот поранешен сопруг и неговата нова сопруга.
Како што пишуваат турските медиуми Мустафа знаел дека неговиот помал син е таму со Емина, но тоа не му сметало.
Тие пишуваат дека тие имале буквално средба очи во очи во еден ресторан каде вечерала Емина, а по десет минути откако си заминала дошол парот.
View this post on Instagram
Инаку пејачката го тужи Сандал поради неплаќање на алиментација за децата.