вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мустафа отпадна, сега во акција е згоден чичко: Емина Јаховиќ во врска со 18 години постар турски милионер (ФОТО)

Мустафа отпадна, сега во акција е згоден чичко: Емина Јаховиќ во врска со 18 години постар турски милионер (ФОТО)

Скоро сите турски медиуми минативе денови пишуваат за наводната врска на 36 годишната пејачка Емина Јаховиќ и турскиот милионер, 54 годишниот Садетин Саран.

Имено, според пишувањето на тамошните медиуми, Емина со Садетин тајно се гледа нешто повеќе од еден месец, а папараците ја следат во чекор, како би дознале нешто повеќе од неа.

Поранешниот менаџер на Фенербахче, а денес претседател на Саран Холдинк и Емина се познаваат од порано, но пејачката до неодамна беше во брак со Мустафа Сандал. Меѓутоа, откако се разбеде од Мустафа, со кого беше во брак од 2008 година, нејзиното срце наводно го освоил 18 години постариот милионер, со кого тајно се гледа, како не би биле фатени од папараците.

İyi hafta sonları.. Have a nice weekend..

A post shared by @ sadettinsaran on

Емина Јаховиќ пред два дена беше мета на турските новинари, кои пред еден фризерски салон ја чекаа повеќе од три часа. Кога излезе, ја прашаа да ја прокоментира врската со Садетин. Таа бесно ја удри вратата, а пота еден од новинарите ја праша:

-Зошто се лутите на прашањето за Садетин, а ако не сте во врска, зошто не демантирате?

Од друга страна, Садетин медиумите го начекале на Ататурк аеродромот и на прашањето за Емина, го кажал следното:

-Никогаш не одговарам на овие прашања, па нема ни сега, изјавил тој.

 

Најнови вести