недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

На денот на кој би требала да се радува, Елена Ристеска цел ден плачеше: Некои спомени се вечни… доживотно! (ФОТО)

На денот на кој би требала да се радува, Елена Ристеска цел ден плачеше: Некои спомени се вечни… доживотно! (ФОТО)

Елена Ристеска по баладата „Снаге за крај“, дуетите со српската пејачка во подем Данијела Кариќ („Срца се погреше“) и рускиот колега Кирил („Суперстар“), ја видовме како дел од гласачкото жири во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.

Летово Елена малку настапува, малку шета и одмора, но има денови, кои човек, особено емотивци како неа си ги одвојуваат и посветуваат само на себе. Тоа се оние денови кога навираат спомените, кога низ главата ти поминува целиот живот, кога се враќаат сеќавањата и мислите на сето она што си го проживеал(а) и доживел(а) низ досегашниот живот. Особено кога тие денови се важни датуми, посветени или врзани со некои од најблиските…

На, токму еден од тие важни и значајни датуми, на кој би требало да се радува, Елена Ристеска беше неизмерно тажна и цел ден плачеше. Зашто некои спомени се вечени и никој никогаш не може да ги избрише, па дури ниту заборавот на времето!

А, 14-ти јули беше токму таков… Ден кој ја разбуди бурата од емоции во пејачката, ја врати во времето кога беше мало девојче, и го состави мозаикот од фотографии од детството во мислите, кои како рингишпил од сеќавања постојано се повторуваат во нејзината глава. Денот кога му е роденден на оној кого најмногу го сакаше, со кого беше најблиска, за кого беше најмногу врзана. Нејзиниот татко, кого за жал, од пред некоја година повеќе го нема!

Но, затоа ги има убавите времиња, сите прекрасни мигови, сиот живот со него во нејзините спомени. Една стара фотографија и кратка посвета, повеќе од доволни за паметење на сите оние години… Иако по неговото заминување повеќе ништо не е исто кај неа, освен измешаните емоции… Чувството на гордост и достоинство што го имала за свој родител и чувството на бескарајна тага и длабока неизбришива болка, што повеќе физички го нема…

„Пробувам цел ден да не мислам и да не плачам, ама… те стигаат и солзите и спомените колку и да си цврст и јак… ќе ти беше роденден денес,14ти јули, па ќе прославевме… ќе ти посакав здравје, среќа, внуци.. и секако ќе кажеше: “само вие да сте ми добри, друго ништо не ми треба.. “ ама ете, судбина.. те нема.. а се’ повеќе си ми потребен од било кога.. и нејќам статуси, патетики.. ама толку многу сакам да вриснам од тага што мислам дека планина ќе поместам.. ама стиснувам заби и го пишувам ова, ни сама не знам зошто јавно.. ама ете..веќе ништо не е исто, само болката е поголема.. тато!“ – напиша Елена на својот Инстаграм профил во својот споменар на животот.

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Најнови вести