Аца Лукас на 6-ти март го ожени со својот син Лазар, а свадбената веселба ја пренесоа голем број медиуми.
-Се сеќавам на некои изјави, на некои не се ни сеќавам, да ви кажам право, низ смеа изјави тој.
Лукас на венчавката ги покани само Саша Матиќ, Аца Пејовиќ и Цеца Ражнатовиќ. Многумина коментираа дека очекуваат поголем број естрадни уметници да присуствуваат на свеченостите.
-Никој не ме обвини. Ќе звучи арогантно, но познавам толку многу луѓе што би можел да поканам 5.000 луѓе. Но, се знае кои се моите пријатели. Чекај, за сето ова време колку што ме знаеш, оди ли зборот „комплекс“ и Аца Лукас,? рече Лукас, алудирајќи на тоа дека не го интересира туѓото мислење и дека нема комплекси.