Поп пејачката Јелена Карлеуша ужива во својата вила на Сењак каде одгледува и овошје и зеленчук, а сега се пофали со собраните плодови од ова лето.
Имено пејачката неодамна ги изненади следбениците на Инстаграм каде сподели видео како сама во дворот одгледува домати, а сега објави и фотографија дека истите се веќе зрели и набрани лично од неа.
-Само да се пофалам, доматите од мојата скромна бавча. Мириса како најубав парфем и слатки се како шеќер. Следно што сакам е да го посадам мојот омилен лук, напиша таа.
По ова таа добиваше само позитивни коментари од фановите кои и порачаа дека конечно дојде време да ги засука ракавите и да се фати за работа.