Многу песни паднале во рацете на оние на кои им беа судени, а не на оние на кои им беа наменети.
Многу хитови на одредени пејачи, всушност, биле наменети за други уметници.
Познато е дека некои од песните и може да се каже безвременските хитови на Светлана Цеца Ражнатовиќ всушност беа наменети за некои нејзини колешки, а некои од најубавите како „Кукавица“, „Белград“ и „Иди док си млад“, за Весна Змијанац.
Но, тие паднаа во рацете на Светлана, а сега Змијанац открива кој друг хит требало да го отпее, а кој исто така и припаѓал на Ражнатовиќ.
Имено, Весна во 1992 година во дует со Оливер Мандиќ ја сними песната „Злато, среќен пат“, но таа верзија на оваа, сега евергрин, никогаш не ја виде светлината на денот.
-Ја отпеав, сега кога ќе се сетам наназад, чувствувам колку беше тоа добро. И тогаш ми ја украдоа таа песна. Оливер, секогаш кога ќе ме сретне, ми ветува дека ќе ја пушти нашата верзија во етерот, но тоа никогаш не се случи. Зошто? Прашајте го, би сакала повторно да го слушнам, изјавила Весна за медиумите.
Цеца споменатата песна ја објави три години подоцна на нејзиниот албум „Фатална љубов“.