Цеца Ражнатовиќ вели дека заработува од десет години и дека никогаш нема да се пензионира!
Пејачката вели дека нема обичај да го слави Денот на трудот, па и оваа година тој ден ќе го помине како и сите други. Со неа ќе биде најмладиот член на семејството Ражнатовиќ.
– Не славам ништо друго освен крштевки и родендени. Од мала заработувам од музика, но не го славам празникот на трудот и не одам на скара. Веројатно тој ден ќе го поминам со внукот, најубаво си поминувам со него – вели Цеца за Информер и се сеќава на нејзините почетоци:
– Првиот динар го заработив на само десет години. Пеев на забава во мојот роден град, во Житораѓа. Штом го зедов микрофонот, почнав да заработувам. Не беа многу пари, но за мене беа големи како куќа. Се разбира, хонорарот им го дадов на моите родители.