Заштитен знак на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е нејзината долга црна коса. Сепак, пејачката покажа дека не се плаши од промени, поради што реши да ја бојадиса косата и сега изгледа сосема поинаку.
Ражнатовиќ сподели видео од фризерски салон на кое се гледа драстична промена.
-Одам кај русокосите, напиша таа во описот на видеото на кое се гледа бојата која штотуку е нанесена на косата, а каков ќе биде резултатот на крајот останува да видиме.