Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ замина на својот заслужен одмор на Кипар каде има своја вила со години наназад.
Таму таа е во друштво на својата сестра Лидија, како и на неколку пријателки.
Цеца го користи слободното време да ужива на море, а сега објави и видео како се забавуваат на плажа сите заедно.
Цеца се снимаше додека лежи на лежалката, а потоа ја сврте камерата накај својата сестра која се виде за прв пат во бикини.
По ова следбениците позитивно реагираа коментирајќи дека не знаат која подобро изгледа во костим за капење.
Инаку Цеца престојува во вилата која ја реновираше во која сега има и внатрешен базен на последниот кат, џакузи како и соба за масажа.
Таа наводно подигнала уште еден кат каде има и дополнителни спални соби и тоалет за да уживаат потполно сите гости кои би дошле на одмор со неа или пак со нејзините деца.