среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нејзината ќерка сними дует со него, а таа беше во врска со пејачот- Ова е човекот со кого Дивна живееше под ист покрив 17 години (ФОТО)

Нејзината ќерка сними дует со него, а таа беше во врска со пејачот- Ова е човекот со кого Дивна живееше под ист покрив 17 години (ФОТО)

По разводот на Дивна Карлеуша со таткото на пејачката Јелена Карлеуша заплови во љубовна врска со пејачот Велимир Митровиќ кој е некогашен член на групата „Добри момци“.

Дивна и Велимир беа во врска 17 години се до 2009-та година кога ја раскинаа љубовната врска.

По тажните вести за смртта на Карлеуша српски „Телеграф“ побара изјава од пејачот 10 години откако не е во врска со веќе починатата Дивна.

-Се што можам да ви кажам е тоа дека сум во шок, веста тешко ме погоди. Дивна ќе ја паметам како насмеана, весела и нежна, шармантна, паметна способна и храбра жена која се додека бевме заедно беше со мене и секогаш за мене и до мене. Никогаш нема да ја заборавам, изјавил тој за српски „Телеграф“.

Инаку тие се разделија кога ќерката на Дивна, пејачката Јелена ја роди ќерката Атина, a Јелена една година претходно сними спот со момчето на нејзината мајка, слушнете го во продолжение.

Најнови вести