ЈК на својот Инстаграм профил објави видео каде од кутијата вади нов пар D&G потпетици, а нивниот изглед е само за смели дами
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша се пофали со новите чизми кои се вистински предизвик, но и моден хит оваа сезона.
Сосема различни, проѕирни, со сребрени детали и цирконски натпис на брендот, се чизмите кои Јелена им ги покажа на своите следбеници.
Карлеуша е позната по тоа што е една од ретките јавни личности на регионалната сцена која знае да претстави вакви впечатливи модни парчиња.
И овој пат пејачката избра бренд за кој е потребно да се издвои голема сума на пари, а цената на овие чизми е околу 60.000 денари.