четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Објавено видео што правеле Роналдо и Георгина пред породувањето – на уживањето му немало крај (ВИДЕО)

Објавено видео што правеле Роналдо и Георгина пред породувањето – на уживањето му немало крај (ВИДЕО)

Сите светски медиуми од вчера на големо пишуваат за трагедијата што се случи во семејството на Кристијано Роналдо.

Новородениот син на фудбалерот починал, а неговата сестра близначка преживеала. Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез се скршени, а деталите за трагедијата се уште не се познати.

„Daily Mail“ објави текст во кој пишува дека Роналдо и Георгина се дружеле на скара два дена пред да објават дека се случила трагедија.

 

Георгина во саботата на својот Инстаграм објавила видео на кое се гледаат Роналдо, нејзината сестра Ивана и нејзиниот партнер и неколку пријатели на скара.

Не е потврдено каде се одржал собирот, но новинарите претпоставуваат дека Роналдо и Георгина го организирале во својот дом во Манчестер по натпреварот кој го одиграе против Норвич Сити.

Исто така, се претпоставува дека сестрата на Георгина, Ивана, која вообичаено живее во Шпанија, пристигнала во Велика Британија пред пораѓањето на Георгина за да биде со неа. Ивана има четиримесечна ќерка која се гледа и на видеото кое го објави Георгина.

Се претпоставува дека партнерката на Роналдо се породила во болница во Манчестер и дека момчето починало на породување.

Роналдо и Георгина во октомври минатата година објавија дека очекуваат близнаци.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме. Благословени сме”, напиша Роналдо по тој повод со фотографија на која позира во кревет со Георгина со сликата од ултразвук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Најнови вести