Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ужива на Малдивите со пријателите, а со својот изглед во минијатурното бикини ги израдува машките обожаватели.
Цеца по доаѓањето на овој рајски остров покажа во каков луксуз ужива, а сега рај за очи приреди и на своите обожаватели.
Имено, фолк-ѕвездата објави фотографии на кои доминира во минијатурно зелено бикини, односно во издание какво ретко може да се види.
Цеца прво позирала на лежалка во вода, а она што на сите веднаш им падна во очи се нејзините стомачни мускули и бујните гради кои едвај ги сокри зеленото бикини. Потоа таа се сликала покрај палма, каде ја истакна својата витка става и затегнатите нозе.
– Ама е убав и сончев денов. Малдиви, рај на земјата – напишала Цеца во објавата на Инстаграм, која за само неколку минути собра илијадници лајкови.