понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Огромна среќа во семејството Кардашијан: Ким и Канје го добија третото дете од сурогат мајка

Ким ја објави убавата вест на нејзиниот вебсајт со објава со наслов „She's here!“ (Таа е тука!).
Огромна среќа во семејството Кардашијан: Ким и Канје го добија третото дете од сурогат мајка

Ким Кардашијан и Канје Вест го добија своето трето дете со сурогат мајка во понеделникот, пишува TMZ.

Според сајтот парот добил здраво девојче. Сѐ уште нема информации за името.

Ким ја објави убавата вест на нејзиниот вебсајт со објава со наслов „She’s here!“ (Таа е тука!).

Ѕвездата на реалната телевизија напиша:

15 јануари 2018

12:47am

Канје и јас сме среќни да го објавиме пристигнувањето на нашето здраво, убаво женско бебе. Неверојатно сме благодарни на сурогат мајката, која направи да ни се остварат соништата со најголемиот дар што некој може да го даде и на нашите прекрасни доктори и медицински сестри за нивната специјална грижа. Норт и Сент се возбудени поради пристигнувањето на малата сестричка.

Со љубов,

Ким Кардашијан Вест

Најнови вести