вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Остави подарок пред врата“: Марија Шерифовиќ не сакала да слави роденден, но еве со кого го поминала тој ден

„Остави подарок пред врата“: Марија Шерифовиќ не сакала да слави роденден, но еве со кого го поминала тој ден

Бидејќи е позната како некој кој не сака да слави одредени датуми, Марија Шерифовиќ за малку ќе ги оставила пријателите да ја “бакнат“ вратата кога дошле да и го честитаат роденденот, што и самата го признала пред камерите на емисијата „Премиера“.

-Размислував да се заклучам и да напишам: „Остави подарок пред врата“ затоа што навистина сум премногу уморна, но како да им кажам „не“ на моите пријатели. Вечеравме, без огномет и чуда, во кругот на драгите луѓе, рече Шерифовиќ.

Марија откри и дека води строга диета и планира да ослабе, но не и да се исуши.

-Оди, борбата нема крај, слабеам секоја недела, задоволна сум. Не сакам да изгледам како стопена свеќа, но никогаш не сум била слаба личност, ниту пак сакам да го променам обликот на лицето, истакна пејачката.

Најнови вести