Пејачката Јелена Карлеуша веќе долги години не настапува во Будва бидејќи во минатото доживеа вистински пекол.
Имено пејачката беше нападната со пиштол од еден сопственик на локал во градот, а од тогаш таа најголемите хитови ги нема изведено ниту еднаш во Црна Гора.
View this post on Instagram
Во тоа време пејачката додека беше на бина, газдата на локалот побарал веднаш да се спушти од истата, но откако таа се спротиставила, тој и вперил пиштол по што Карлеуша немаше стапнато во земјата.
По долгата пауза таа повторно слета во Црна Гора и тоа со приватен авион, а на Инстаграм објави дека Будва повторно ќе гори.
View this post on Instagram