Весна Змијанац е на сцената скоро 50 години и е една од ретките кои искрено зборуваат за своите колеги.
Лепа Брена во една прилика изјави дека таа, Мира Шкориќ и Весна се опиле додека го снимале спотот за песната „Мажи“. Змијанац даде свој коментар за приказните на нејзината колешка.
Брена само зборува. Пие само по една голтка и веќе е весела. Цел живот мене ме прогласуваат за пијаница, а јас се шегувам. Всушност, никогаш не сум пиела надвор од сцената. Пијам малку, пијам на сцена, како Горан Бреговиќ.
Весна зборуваше и за несогласувањата со Лепа Брена и судските спорови меѓу Јелена Карлеуша и Светлана Ражнатовиќ.
-Премолчено ги натеравме работите да бидат добри за вас новинарите, а не за нас. Не ни беше гајле. Пополнувавме сè по ред во весниците и на порталите и бевме популарни. Никогаш во животот не сум била на суд со колега или колешка. Друго време е. Овие две пејачки станаа многу нервозни, полни со негативност што не е нормално.
Змијанац се осврна повеќе на Карлеуша:
-Јелена работи опасна работа. Бев со неа и во добро и во зло. Јелена за мене е енергија која е многу силна. Нашите луѓе не ја разбираат Јелена. Таа тука сакаше нешто многу добро да направи, но тие не ја разбираат – изјави пејачката.