Српските медиуми деновиве на големо се потсетуваат на животот и делото на Жељко Ражнатовиќ, а со самото тоа потсетуваат и за неговиот бурен љубовен живот.
Имено Аркан пред Цеца бил со нејзината хрватска колешка која исто така е пејачка.
Страста меѓу нив пламнала кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век.
Контроверзниот бизнисмен Небојша Тубиќ Жабаќ (57) во едно интервју открил дека додека тој бил во љубовна романса со пејачката Дорис Драговиќ, Аркан потполно бил луд по неа.
-Беше потполно маѓепсан од таа жена. Ми рече дека тоа не е нормална жена, туку дека е врвна,раскажува бизнисменот.
Добро упатени извори велат дека и Аркан ја натерал Дорис да се пресели во Белград и дека поради неа размислува да се разведе од тогашната сопруга Наталија.
Сепак тие контактот го завршија кога тој завршил во затвор во 1990 година.
Ражнатовиќ Цеца ја запознал во 1993-та година, а се венчаше со неа две години подоцна додека Дорис се омажи за ватерполистот Марио Будимир.