Фановите на српската турбофолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ добро знаат дека таа секоја година го слави празникот Свети Никола, со полна куќа гости.
Така и овојпат во вилата на Дедиње ѝ направија чест бројни „звучни“ имиња од јавниот живот.
Според пишувањето на српските медиуми први стигнале родителите на Цеца, Мира и Слободан, носејќи наместо подарок – храна, со желба да ја збогатат и бездруго богатата трпеза на славениците. Веднаш по нив стасала ќерката Анастасија.
Потоа, на празничната прослава во домот на познатата пејачка дошле Билјана Спасиќ, Небојша Бојовиќ, Жика Јакшиќ, кои носеле раскошни цветни аранжмани и торби полни со подароци за домаќините. На Ражнатовиќ ѝ направи чест и политичарот Ивица Дачиќ, како и Драган Марковиќ Палма кој стигнал со сопругата.
Меѓу присутните гости биле и фризерот Стеван Радивојевиќ, кумот Никола Вавиќ, но – иако многумина очекувале на славата да се појави и Немња Гудељ, момчето на Анастасија, тој не пристигнал.