Пејачката Елена Ристевска деновиве често споделуваше мудри мисли на Инстаграм, а вчера додаде и фотографија од снимањето на нејзиниот спот „Доживотно“ на која таа носи венчаница.
-„Доживотно“, напиша Елена и додаде дека се вратила назад низ времето.
По оваа објава коментарите се нижеа, а една од корисниците напиша:
„Еленче, ти пак ќе бидеш среќна невеста, ќе видиш“, напиша еден корисник.
Потсетуваме дека Елена се разведе пред 4 години, а од неодамна обелодени дека има ново момче.