петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пејачот е несовесен татко: Не плаќа алиментација, а вози луксузни автомобили – чудо е што е жив по неговите сообраќајки

Пејачот е несовесен татко: Не плаќа алиментација, а вози луксузни автомобили – чудо е што е жив по неговите сообраќајки

Хрватскиот пејач Младен Грдовиќ (64) ја тужел својата ќерка (19) за алиментација. Смета дека и се доволни 130 евра месечно бидејќи земал пензија која изнесува нешто повеќе од 400 евра. Тој не сака да плаќа алиментација, а истовремено вози скапи автомобили, додека неговата ќерка работи како келнерка.

Имено, како што пренесуваат хрватските медиуми, пејачот сака скапи автомобили, пиење, но и брзо возење, па досега направил сообраќајки со Мерцедес, Јагуар, Ферари…

Првата несреќа Младен Грдовиќ (64) ја доживеал во 2004 година. Потоа го смачка своето Ферари 360. Во крвта имал 2,7 промили алкохол, а притоа си го повредил вратниот пршлен.

Три години подоцна излетал  од патот со Мерцедес 500 ЦЛ вреден нешто повеќе од 130.000 евра. Поради несоодветна брзина изгубил контрола над автомобилот, се движел на левата страна од коловозот и удрил во бетонски ѕид. Во таа прилика тој одбил алкотест. Грдовиќ имал и Порше, кое исто така го уништил во сообраќајка.

-Можев да купам стан, но претпочитав Порше. И тој заврши во старо железо. Имам јагуар со години и никогаш нема да го продадам, ​​изјави тогаш Грдовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mladen Grdović (@mladen_grdovic)

Во 2009 година пејачот се опијанил во Задар. Тој честел во угостителски објект, а потоа седнал зад воланот на својот Јагуар и ги „собрал“ столовите на терасата од кафулето кои му биле на патот.

Во 2013 година Грдовиќ и неговата сега поранешна сопруга Бранкица доживеаја сообраќајна несреќа во Арбанаши кога излетаа со Мерцедес. Удрил во бетонскиот ѕид од куќата, а потоа и во светилката. Во несреќата е повредена Бранкица, а полицијата во крвта му измерила 2,7 промили алкохол.

Во 2015 година со истиот Мерцедес излетал од патот, оштетил друг автомобил и застанал откако удрил во знак. Грдовиќ потоа го напуштил местото на несреќата, а полицијата го пронашла само четири дена подоцна.

Во 2016 година Грдовиќ со својот Јагуар удрил во бетонскиот ѕид од куќата. Во болница му измериле алкохол во крвта 3,61.

Да потсетиме, Грдовиќ пред судот тврдеше дека немал настапи поради коронавирусот, а здравјето му е нарушено. Поради разводот со поранешната сопруга Бранкица рече дека останал без добар дел од имотот што го стекнал со пеење повеќе од 40 години. Задарскиот суд ги прифати доказите на Грдовиќ дека повеќе нема пари за издржување на ќерката, иако од октомври годинава има над 20 настапи.

Најнови вести