вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ПО 17 ГОДИНИ ИСПЛИВА ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ВИДЕЛИНА – сестрата на нејзиниот прв сопруг Кариќ реши да проговори за Карлеуша

ПО 17 ГОДИНИ ИСПЛИВА ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ВИДЕЛИНА – сестрата на нејзиниот прв сопруг Кариќ реши да проговори за Карлеуша

Пејачката Јелена Карлеуша често е на мета на медиумите заедно со својот сопруг Душко Тошиќ, а за нивниот развод се пишува речиси со денови.

Меѓутоа малкумина кои се сеќаваат дека пејачката пред бракот со фудбалерот беше во брак со Бојан Кариќ кој траеше само неколку месеци.

И по тој брак Јелена пројде голгота преку бројните новинарски натписи, а сега седумнаесет години подоцна сестрата на Бојан, Даниела застана во одбрана на пејачката.

„Таа секако не се омажи за него поради парите, туку се сакаа. Има девојки кои сакаат да влезат во нашата фамилија поради пари, но Јелена не беше една од нив. Со неа убаво се сложував, ми беше една од омилените снаи. Таа приватно е многу пристојна и фина личност, секогаш ми укажуваше на почит и немам ништо лошо да кажам за неа“, изјави во една прилика Даниела.

Таа откри и дека другите од семејството имаат различно мислење за неа, но и дека тие се големо семејство и секој има право да мисли како што сака.

-Милиони луѓе се разведуваат, мило ми е што и двајцата по разводот си го најдоа својот пат кон љубовта. Премногу помпа се дигна околу нив без причина, заклучила таа.

Најнови вести