среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поглед како во рајот – Анастасија позираше во минијатурно бикини, а сите се ѕвереа во сумата која ја потрошила за одморот во Мексико (ФОТО)

Поглед како во рајот – Анастасија позираше во минијатурно бикини, а сите се ѕвереа во сумата која ја потрошила за одморот во Мексико (ФОТО)

Младата пејачка и ќерка на Цеца Ражнатовиќ никако да здивне од одморите…

Таа во моментов одмара во Мексико каде ужива во друштво на своите другарки.

Таа секојдневно ги известува своите фанови за случувањата таму, а предизвикува и бура на реакции поради жешките и провокативни изданија од плажа.

Таа додека позирала во минијатурниот костим за капење доби и стотици позитивни коментари од фановите: „Божица, измислена си, згодна“… се само дел од коментарите кои ги доби пејачката.

На српските медиуми сепак поинтересна им беше сумата за ова летување која го издвоила Анастасија отколку нејзините разголени фотографии, па ја открија и цената.

-Анастасија замина за Мексико и местото Тулум каде престојуваат холивудските ѕвезди. Хотелот нуди базени, спа центри, ресторани, теретани и приватна плажа која излегува на карипското море, вели избор близок до пејачката.

За десет дена тој открива дека пејачката ќе потроши 10 илјади евра само за хотелското сместување, а доколку се вклучат и авионските карти и џепарлакот таа сума би надминала 15 илјади евра.

Најнови вести