сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поповиќ откри колку пари чини доколку сакате да застанете на сцената на „Гранд“ и да ве гледа целиот регион – ви треба длабок џеб

Поповиќ откри колку пари чини доколку сакате да застанете на сцената на „Гранд“ и да ве гледа целиот регион – ви треба длабок џеб

Саша Поповиќ во „Ѕвезде Гранда“ откри дека настапот на пејачите кој сакаат да ги промовираат своите песни во емисиите на Гранд чини 10.000 евра по емисија.

Имено, тој му се обратил на натпреварувачот Јасмин Ѓулишиќ на кого му рекол дека заработил 30.000 евра.

– Ѓулшиќ, не жали, си заработил 30.000 евра, не ти е гајле. Сега се прашувате како, секое појавување во „Ѕвезде Гранда“ кој сака да дојде овде, за секоја емисија е како да си донел 10.000 евра и рекол: „Сакам да застанам овде пред ова жири, пред оваа публика и да ме гледаат 7.8.000.000 луѓе“, рече Поповиќ, на што Сања Кужет веднаш додаде: Па јас сум тогаш милионер, само што не ни знаев! Па, и ти не си далеку од тоа.

– Ние сме во полоша позиција, за да седнеме во жирито секој треба да му дава на Саша по 50.000 по сезона – рекол Џорџ и ги насмеа колегите од жирито.

Најнови вести