Поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ во моментот кога во јавноста се појавуваат детали од нејзиниот брак со популарниот фолкер, провоцира во минијатурно бикини.
Лукас неодамна ја објави својата автобиогравска книга „Ова сум јас“ во која го опиша нивниот бурен однос и бројните кавги, но очигледно е дека Соња не е загрижена за тоа па позира со насмевка.
Таа се фотографирала пред огледало во минијатурно бикини, кое одлично и стои, а во преден план ги истакнала своите атрибути.
Делува како да горниот дел од костимот за капење ќе и „пукне“, а кај долниот дел на бикините се гледа и тетоважата која што доаѓа од незгодно место.
Имено, Лукас во својата автобиографија напиша дека Соња постојано го напаѓала дека ја изневерува со „кепецот од Ѕвездите на Гранд“, од каде што се појавија и шпекулации дека Лукас наводно ја изневерува со Ана Севиќ, а во книгата Лукас наводно мисли на нејзе.
-Мене не ме интересира што прави Аца, а она во врска со Ана Севиќ или некоја актерка во неговиот живот, морате да го прашате него, јас одамна сум ставила точка на тоа, рекла неодамна за српските медиуми Соња.