Дино Мерлин во една прилика раскажал како настанал најголемиот и најпознат хит на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тој вели дека не е вистина дека хитот кој го напишал за Цеца требало да го испее тој.
-За жал тоа не е вистина. Хитот „Белград“ е напишан за Цеца Величковиќ во Швајцарија една ноќ во 1991-та година на молба на нејзиниот тогашен партнер. Тогаш напишав три песни, меѓу која и песната „Белград“, открил Мерлин.
Во една своја прилика пак Цеца открила и дека песната „Заборави“ исто така ја напишал Мерлин, а дека песната „Белград“ и е подарок од него.
-За мене Дино Мерлин наменски ја напиша песната „Заборави“, а кога ми ја отсвири песната „Белград“ ми рече дека има една песна работена за дует кој тој требало да ја сними за својот албум. Но бидејќи почна војната, тој не можеше да пее за Белград и ми кажа дека таа емоција ја имам само јас и ми ја подари истата, вели Цеца во една прилика.
Инаку пејачот во моментов е во центарот на вниманието во соседна Србија поради распродадените четири концерти во Белград, додека се размислува за уште два, а во меѓувреме се собира и петиција за да не настапи тој во нивната земја.